АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга
Храна со изминат рок или чувана во несоодветни услови. АХВ пред велигденските празници уништи 1.740 килограми небезбедна храна. Ја имало насекаде во ресторани, сендвичари, маркети, бурекџилници. Најмногу во туристичките места, Охрид и Струга. Изречени се 30 парични казни во вредност од 25.400 евра.
Поголеми контроли во објектите каде се служи и продава храна бараат и граѓаните. Речиси секој некогаш купил производ со изминат рок.
Купив јајца да фарбам со внуците за Велигден. Сите расипани. Ги фрлив и морав повторно да бојадисувам, изјави граѓанин
Најнебезбедна храна мислам дека има во сендвичарите, ама ја продаваат и во маркетите. Ми се случило да купам со изминат рок, одам да ја вратам, не ми ја враќаат ако нема фискална. Им велам, не мора пари да ми вратите, само не ја продавајте, изјави друг.
Од Агенцијата за храна со апел до граѓаните – доколку забележат да се подготвува храна во несоодветни услови или истата има специфична боја или мирис, но и производи кои се продаваат со изминат рок – веднаш до пријават во агенцијата. Инспекторите ќе излезат на терен и ќе ги казнат прекршителите.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар