Честитка од Кирацовски по повод Денот на народното востание
Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски по повод празникот 11 Октомври - Денот на народното востание, во свое и во име на партијата, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.
- На 11 октомври 1941 година нашите предци ја започнаа битката за слобода а подоцна, преку АСНОМ ги поставија и темелите на македонската државност. Низ антифашистичката борба Македонија и нејзините граѓани од различни верска и етничка припадност дадоа свој придонес во победата над фашизмот. Со својата храброст и одлучност, борците во антифашистичката борба ни го покажаа патот кон слобода, еднаквост и напредок, наведува Кирацовски во честитката.
Заложбата на нашите предци за слобода и независност, како што псочува тој, денес е е заложба на сегашните генерации за интеграција во ЕУ и НАТО, за рамноправност со демократскиот и развиен свет, онаму кадешто вистински и вредносно припаѓаме.
- Денес, горди на нашето минато, со одлучност тргнуваме кон иднината, да ги реализираме децениските заложби за слободна демократска и развиена држава - партнер на регионот и светот. Македонија заслужува и Македонија ќе биде дел од најмоќните светски сојузи - ЕУ и НАТО, пишува генералниот секретар на СДСМ во честитката.
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска