Авиокомпанија Изиџет постигна договор со Ер Берлин, спас за 1.000 вработени
Британската нискотарифна авиокомпанија Изиџет постигна договор со Ер Берлин за купување на дел од бизнисот на таа несолвентна германска авиокомпанија.
Станува збор за трансакција вредна 40 милиони евра, со што ќе се сочуваат 1.000 работни места.
Изиџет ќе преземе одреден имот на Ер Берлин на аеродромот Тегел во Берлин, вклучувајќи го и правото да слета и полетува, како и правото за изнајмување до 24 авиони „A320“.
Британската авиокомпанија објави дека ќе преземе над 1.000 германски пилоти и членови на екипажи.
Ер Берлин веќе договори продажба на својата австриската филијала Ники на германската Луфтханза.
Авиокомпанијата Ер Берлин поднесе барање за стечај откако нејзиниот главен акционер Етихад Ервејз објави дека престанува да и обезбедува финансиска поддршка.
По најновите вести, акциите на Изиџет скокнаа за 1,32 отсто на 12,89 фунти.
Ново на Сител
-
МНР го повика на консултации амбасадорот во Албанија
-
Ќе се спојуваат разузнавачките агенции, утре на владина седница нови именувања во третиот ешалон
-
Распишан тендер за нова компресорска станица – хируршките сали на Клинички нормално ќе профункционираат во декември
-
Фејсбук измама со криптовалути, злоупотребено името на премиерот
-
Преглед на вести од светот
-
Престрелка во Батинци - Убиен 34 годишен маж
-
Преглед на вестите од светот
-
Има ли можност за нови преговори со Бугарија?