Бизнис
27. јуни 2024 - 16:41

Од први јули минимално поскапува струјата

Струјата незначително ќе поскапи од 1-ви јули. Гледано по тарифните блокови, цената за домаќинствата во првиот блок останува иста, во вториот блок има зголемување за 0.85%, во тројката за 1.92 и во четвртиот блок за 1.88%. Минимално поскапување има и кај евтината тарифа за 0.65%.

На ЕВН Хоум му дадовме насока 15% од количините коишто не се обезбедени, да ги набавува на берзата на електрична енергија којашто функционира во Македонија и во периоди кога цената на електричната енергија е блиску до цената на ЕСМ којашто ја понуди на тендерот од 60 евра за мегават час. Дополнително, измените на Законот за енергетика кои поминаа во вторникот во Собранието овозможија пред се да се примени новата маржа која сега изнесува 9,9%, а претходно беше 11,5%“ – Марко Бислимовски, претседател на РКЕ

Новата цена во пракса ќе значи дека една просечна сметка од 2 илјади денари ќе биде повисока за најмногу 8 денари.

Мрежарината останува иста, а во фактурата останува и фиксниот надоместок за пристап до мрежа од 200 денари.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија одлуката на РКЕ.

Кон крајот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова цена и за парното.