Македонија
1. July 2024 - 16:34

Ќе се спојуваат разузнавачките агенции, утре на владина седница нови именувања во третиот ешалон

Ќе се спојуваат Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, најави премиерот Мицкоски. Сепак, законските измени за фузирање на двете разузнавачките служби треба да се очекуваат за неколку месеци од сега. Според Мицкоски, единствено државно разузнавање е НАТО стандард.

Тоа можам да кажам дека ќе биде процес којшто ќе трае неколку месеци. Очекувам да заврши успешно во Парламентот, изјави Мицкоски. Ваков тип на спојување на служби имаат направено многу држави што се земји – членки на НАТО. Меѓу нив, како што појасни Мицкоски, во соседството се Република Словенија на крајот на деведесеттите години, потоа Република Хрватска на почетокот од овој милениум“

Претходната власта на заминување, по разрешувањето на Виктор Димовски, успеа за директор да го постави Зарко Милошевски, близок до поранешното раководство на СДСМ.

Пред неколку дена пак, претседателката Сиљановска-Давкова го разреши директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу кој важеше за близок до експретседателот Пендаровски и за директор  ја именува Габриела Јаковлева, а за нејзин заменик Стојановска.

Токму ваквите кардовски смени беа причина да реагира опозициската ДУИ која обвини дека албанскиот партнер во власта ги изгубила сите клучни позиции што досега ги држеа Албанци. Ахмети од Мала Речица вчера порача дека Владата имала само моноетнички легитимитет. Но, од Вреди возвратија дека заменичкото место во новоформираната разузнавачка агенција ќе биде токму нивно, а на Ахмети му посакаа добри опозициски денови.

Таравари ќе го има и првиот предлог-закон на утрешната владина седница – укинување на економските директори во болниците, како дел од најавената реформа за поефикасна и поефтина администрација.

Утре на владина седница, според најавите на премиерот, пак ќе бидат и именувања на нови директори како дел од распредлабата на третиот ешлаон на власт. Сепак, тој не откри кои диркетори на институции и јавни претпријатија се следни на владината листа по именувањата во петокот.

Мицкоски најави дека наскоро треба да се очекува и ребаланскот на буџетот, предлогот на заменици- министри и  измени на Законот за локална самуправа и на Законот за игри на среќа.