Фејсбук измама со криптовалути, злоупотребено името на премиерот
Се збогуваат со јавни личности, бизарни текстови кружат на Фесбук изминативе денови. Нова интернет измама се шири на социјалните мрежи. Со лажни измислени текстови, интервјуа од новинари и фотографии на познати личности во Македонија се повикуваат корисниците да инвестираат во некој алгоритам кој ќе ви донесе пари. Жртва на оваа измама е и премиерот Христијан Мицкоски. Во споделената лажна објавата стои бизарен наслов- Се збогуваме со Христијан Мицкоски, најтажниот ден за Македонија.
Подолу под неговото име стои текст наводно објавен од неговиот профил на кој пишува
Не можам повеќе да го слушам ова! Нема сомнение дека некој е одговороен.Нема причина да молчам и морам да се соочам со вистината.
Од МВР велат до сега е примена една пријава и работат во координација со ОЈО Скопје.
Се преземаат мерки за утврдување на сторителите но со оглед дека истите во повеќето од случаите се од странство, МВР се координира со Европол и Интерпол.
Бранко Героски е еден од нив и вели ваквите злоупотреби се доста чести и повикува МВР да ги пронајде сторителите а граѓаните да внимаваат што отвораат на социјалните мрежи.
Оваа злоуптреба е поврзана со криптовалути. Претходно голем број јавни личности беа злоупотребени во измама со реклами за продукти за слабеење, чаеви и лекарства за дијабет. За еден од овие случаи докторите Никола Пановски, Вело Марковски и Маја Мојсова успеаја во докажувањето и има пресуда за фирмата која го рекламираше чајот Паразол. Казнети се со 5000 фирмата и 2000 евра претставништвото во Македонија но и по оваа пресуда тие продолжиле нормално со работа.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар