Loading Video...
Свет
1. July 2024 - 16:30

Преглед на вести од светот

ЕКСТРЕМНАТА ДЕСНИЦА НА ЛЕ ПЕН ВОДИ ВО ПРВИОТ КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА

Победа за Марин Ле Пен и Џордан Бардела од екстремно десничарскиот – национален  собир и голем пораз за претседалот  Емануел Макрон и неговите центристи во првиот круг на француските избори. Националниот собир освои 33 отсто од гласовите,  28 отсто има левичарскиот блок  Нов Народен Фронт а трета е коалицијата околу Макрон со 20 отсто освоени гласови.  Излезноста изнесува високи 66,7 проценти.

  • Драги мои сонародници, демократијата проговори, а французите го поставија националниот собир и неговите сојузници на врвот и практично го избришаа блокот на макрон, изјави Марин Ле Пен, Нациоанел собир.
  • Имам намера да бидам премиер на влада на „кохабитација“, со почитување на уставот и функцијата претседател на републиката, но бескомпромисна за политиките што ќе ги спроведеме во служба на франција и францускиот народ истакна Џордан Бардела, Национале собир.

Претседателот Макрон   ги распиша предвремените парламентарни   избори  по поразот на неговата партија на изборите  за европскиот  парламент. Се надеваше дека Национален собир нема да го повтори успехотод европските избори  и на национално ниво. Но антиимигрантската и евроспкетична партија сега е поблуску до моќта отколку што некогаш била.  И Макрон и премиерот Атал повикаа на големо обединување против екремната десница во вториот круг од изборите на 7 јули.

-вечерашната лекција е дека крајната десница е на прагот на моќта. никогаш порано во нашата демократија националното собрание не ризикувало да биде под доминација на екстремната десница, како што беше вечерва.  нашата цел е јасна: да го спречиме националниот собир   да има апсолутно мнозинство во вториот круг, од доминацијата во националното собрание и да управуваат со земјата  со својот  катастрофален проект истакна премиерот габриел атал.

Пресметките на  ИПСОС  даваат  230-280 пратенички места за „национален собир“, што не е доволно за апсолутно мнозинствто  во нациоанлното собрание , од 125-до 165 места за левата коалиција, која ги вклучува зелените,  70-100 места за  колацијаат на макрон, Заедно.  Ле пен и Бардела рекоа дека нивната партија сака апсолутно мнозинство - вкупно 289 места - во националното собрание.

 

УНГАРИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЕУ, ЕДЕН ОД ПРИОРИТЕТИТЕ Е ЗАПАДЕН БАЛКАН

Од денеска почна шестемесечното претседавање на Унгарија со ЕУ под мотото  „Да ја направиме Европа повторно голема“. Унапредување на политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан, зајакнување на заедничката одбрана и подобрување на европската конкурентност се меѓу е приоритетите. Унгарскиот амбасадор при ЕУ најави  дека Унгарија планира да организира самит меѓу претставници на ЕУ и на шесте земји од Западниот Балкан –Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.  Меѓу останатите прашања на кои ќе се посвети унгарското претседателство се  и борбата против илегалната имиграција, како и решавање на демографските проблеми на блокот, кои го вклучуваат стареењето на населението во Европа . Ние ќе бидеме чесни посредници, кои ќе работат лојално со сите земји-членки и институции порача унгарскиот министер за европски прашања Јанош Бока.  Никогаш досега не се случило во ЕУ претседавачот да има толку многу конфликти со Брисел.  Против владата во Будимпшета се водат неколку постпаки поради кршење на нормите на владеење на правото и човековите права. Унгарскиот премиер Орбан  е единствениот лидер на ЕУ кој одржува врски со Русија откако почна војна со Украина. Се противи  на челнството  на Украина во ЕУ, и не ги поддржува санцкиите против Русија.