Аргентина и Индија со рекорден број новозаразени за 24 часа
Аргентина втор ден по ред соопшти за рекорден број нови случаи на новозаразени со коронавирусот.
Претходниот ден, потврдени се 5.782 нови случаи на инфекција во Аргентина, додека во вторникот имаше 5.344, соопшти Министерството за здравство.
Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во Аргентина е 141.900. Уште 98 лица починаа во последните 24 часа, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 2.588.
Повеќе од четири милиони случаи на Ковид-19 и речиси 175.000 смртни случаи се потврдени во Јужна Америка и Карибите до средата. Потврдени се вкупно 4.026.527 случаи на Ковид-19 во 33 земји во регионот. Починале 173.398 лица.
Индија денеска го забележа новиот најголем број потврдени случаи на инфекција со новиот коронавирус за еден ден. Регистрирани се 45.720 новозаразени лица, што го зголеми бројот на потврдени случаи на инфекција во таа земја на 1.238.635.
Во претходните 24 часа починаа 444 лица, а вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 е 29.861. Индија е трета земја во светот во однос на бројот на заразени, по САД и Бразил.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!