Абас за „Гардијан“: Балфаровата декларација не е причина за славење
Палестинскиот претседател Махмуд Абас оцени дека е дојдено време Владата на Велика Британија да направи конкретни чекори, согласно меѓународното право и договори, со цел да се „стави крај на израелската окупација“.
По повод 100-годишнината од Балфаровата декларација, Абас објави напис во британски „Гардијан“, кој е објавен под наслов „Балфаровата декларација не е причина за славење“.
Балфаровата декларација е писмо кое британскиот министер за надворешни работи лорд Балфор, на 2 ноември 1917 година ја упати до Ционистичкиот сојуз на Велика Британија и Ирска преку познатиот банкар, лордот Ротшилд. Во писмото, во име на британската влада се поддржуваат еврејските стремежи за „национален дом“ во Палестина. Тој документ стана исклучително значаен за бидејќи претставуваше своевидна повелба.
„Потпишувањето на декларацијата е во минатото и тоа е непроменлива состојба, но мора да се поправи. Потребно е да се преземат конкретни чекори за да се исправи оваа грешка, напиша Абас.
Зборувајќи за политиката на официјален Лондон која поддржува доселување Евреи во палестинските територии, Абас порача дека тоа дополнително предизвикало тензија меѓу еврејските доселеници и локалното палестинско население.
„Британската Влада мора да ја искористи можноста, на 100-годишнината од усвојувањето на Балфаровата декларација, да ја исправи историската грешка, направена на штета на палестинскиот народ“, пишува Абас.
Тој истакна дека „ционистичките милитанти“ во 1948 година, околу половина милион луѓе, со сила ги истерале од своите домови.
„Кога не протераа од нашата територија во градот Сафед, имав 13 години. Додека Израел го прославува формирањето држава, Палестинците се сеќаваат на најцрниот ден во својата историја“, напиша Абас и дополни дека Балфаровата декларација е нешто што никогаш нема да може да се заборави.
Абас истакна дека денес околу 12 милиони Палестинци живеат во различни делови на светот и дополни дека Балфаровата декларација посебно не е за славање, ако се има предвид дека едната страна се уште страда и е соочена со проблеми.
„Израел и неговите пријатели треба да сфатат дека и кога дводржавното решение во целост би пропаднало, палестинскиот народ овде е вечен“, пишува палестинскиот премиер.
„Палестинскиот народ ќе продолжи да вложува напори за да ги врати своите права, а тоа же го прави преку борба за дводржавно решение, односно за еднакви права за секој кој живее во палестина“, заклучува Абас на крајот на написот.
Денеска се одбележуваат 100 години од усвојувањето на Балфаровата декларација, која во голема мера влијаеше на случувањата на Блискиот исток.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот