42 годишна жена загина во сообраќајката кај Табановце во која учествувал и пејачот Ѓорѓе Давид
Четириесет и деветгодишна жена од Куманово е жртвата во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Куманово-Таановце на два километри пред граничниот премин Табановце, соопшти денеска полицијата.
Сообраќајната несреќа во која учествуваа три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки се случи вчера во 20 часот.
– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.
Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
Српските медиуми пренесоа дека учесник и возач на патничкото моторното возило „инсигнија“ е рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид.
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов