-->
-->
Заев и Адеми на средби со македонската дијаспора во САД
-->
Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев и министерот за дијсапора Едмонд Адеми, денеска во Њујорк остварува средби со претставници на македонската дијаспора во Соединетите Американски Држави.
Средбите се одржуваат во рамките на присуството на делегацијата на 72. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк од 17 до 23 септември.
Заев и Адеми се сретнаа со претставници од иницијативата Македонија 2025, со лидерите на Обединета Македонска Дијаспора и со претставници на Форум за Демократска Македонија.
После средбите, ФДМ ќе одржи прием во чест на високоте гости од Македонија. Во рамките на приемот со свои музички перформанси настапуваат Дуке Бојаџиев, Марија Вршкова, како и виолинистот Владимир Костов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!