Македонија
28. May 2024 - 16:59

Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но лентите не се големи и Претседател Гордана Силјановска Давкова било најдобро решение, ова е објаснувањето на претседателката за забелешките и реакциите зошто на венецот кој го положи на гробот на сесловенските просветители Браќата Кирил и Методиј стои само нејзиното, а не името на државата.

- Разговаравме во кабинетот, имавме различни мислења, на пример јас мислев дека може „РС Македонија“. Немаше простор, но на крајот рековме дека јас сум на чело на делегацијата, да биде некое решение. Знам дека може да има забелешки, ги разбирам – логични сме. Македонија ја претставувавме таму. Но во време, по мојот говор и избегнувањето на официјалното име и опредлеувањето за името Македонија како слобода на изразување на мислата, се одлучивмне на ова решение. Мислам дека тоа не е проблем и негирање на државата. Се знаеше која е делегацијата. Нам ни се чинеше дека тоа е најдобро во тој момент“, изјави Гордана Силјановска Давкова, претседател на Македонија.

Таа останува на ставот дека при инаугурацијата со неизговарањето на новото Уставно име не го прекршила преспанскиот договор и покрај реакциите од Грција и меѓународната заедница

Според Уставните одредби Претседателката Силјановска Давкова во рок од 10 дена треба да му го довери мандатот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој пак за најмногу 20 дена од тогаш треба на Собранието да му достави програма и да го предложи составот на новата Влада која се избира од страна на пратениците со мнозинство гласови.