Свет
28. November 2017 - 8:15

Вулканот Попокатапетел исфрли трикилометарски столб од пепел

Вулканот Попокатапетел, што се наоѓа во близина на претстолнината на Мексико, синоќа исфрли пепел, формирајќи столб од над три километри. Тоа го соопшти на Твитер националниот координатор на силите за цивилна заштита Луис Фелипе Пуенте.

- Ерупцијата на Попокатапетел достигна височина од три илјади метри, напиша тој.

Пуенте предупреди и за можноста од паѓање пепел врз реоните кои се наоѓаат во близина на вулканот и го повика населението да дејствува согласно пропишаните мерки.

Сегашното средно ниво на закана во регионот нема да биде зголемено.