Македонија
19. May 2024 - 16:31

Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај

Само еден инспектор ќе го контролира езерото.

Охридското езеро остана со само еден инспектор кој треба да врши контрола на пловилата .Од Капетанија на пристаништата велат дека повеќе од неопходно е да се ангажираат уште двајца инспектори кои ќе патролираат на целиот брег за во екот на сезоната да не дојде до хаос во водниот сообраќај.Бројот на пловила од година во година расте а со тоа се зголемува и  обем на работа.

Капетан Устијаноски вели дека техничката проверка на пловилата се одвива согласно предвидените планови и нема отстапувања,а доколку не се почитуваат законите ќе следува забрана за пловидба.

Во регистарот на Капетанија на пристаништата  впишани се преку 2.800 пловни објекти, но поголем дел од нив повеќе не се во функција, а дел пловат и на други места. Во текот на летото, во Охридското Езеро има до 250 усидрени пловила.