Во Хрватска црвен метеоаларм, во делови на РС прогласена вонредна состојба
Црвен метеоаларм за денеска и утре е прогласен за Кварнер и Велебитскиот канал во Хрватска, пред се поради силниот североисточен ветар, чии удари ќе достигнат до 150 километри на час.
- Времето е многу опасно и подразбира големо ниво на опасност за здравјето, па дури и по ќивотот, посебно за крајбрежното население, се наведува во предупредувањето.
Присутен е и значителен ризик од штета на крајбрежната инфраструктура.
За подрачјето на Лика, Горски Котор и централна Хрватска за утре е издаден портокалов метеоаларм поради големите количества снег кои ќе паднат на тоа подрачје, каде се очекува 10 до 40 сантимери нов снег.
Невреме со снег, кое предизвикува проблеми во сообраќајот има и во Босна и Херцеговина, а во некои општини во Република Српска е прогласена вонредна ситуација.
- Во општината Крупа на Уна висината на снежната прекривка изнесува меѓу 60 и 80 сантиметри, но ситуацијата е под контрола. Републичката управа за цивилна заштита на РС ја следи ситуацијата и презема активности од својата надлежност, наведуваат медиумите во БиХ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај