Уапсени тинејџерите што нападнаа велешанка: Тргнала по сопругот, завршила претепана и силувана
Во врска со настанот од 17 овој месец во СВР-Струмица, кога 29 годишна жена со времено престојувалиште во Велес, пријавила дека истиот ден околу 22.00 часот додека била во село Василево и се распрашувала за нејзиниот поранешен сопруг Д. Ц. од истото село и пришле две непознати машки лица, кои и рекле дека го познаваат нејзиниот поранешен сопруг и оти знаат каде е во моментот.
Потоа сите заедно тргнале кон м.в. „Трските“ со намера да го најдат. Кога пристигнале едното од лицата физички ја нападнало удирајќи ја во пределот на главата и телото, обидувајќи се да изврши полови дејствија над истата, при што истата успеала да се ослободи и да избега до селото од каде го пријавила случајот.
По преземени мерки било утврдено дека станува збор за лицата А.Д.(18) и 15 годишно лице двајцата од село Василево.
СВР-Струмица, расчисти случајот и поднесена е кривична пријава против А.Д.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива