Охрид полн со туристи за 1 Мај
1 мај го раздвижи најголемиот туристички центар .Покрај во убавините на градот и културно-историските споменици туристите уживаа во угостителските објекти ,бродските тури низ езерото и прошетките покрај кејот
Доминираат гостите од нашата држава и регионот, но присутни се посетители и од подалечните земји во рамките на балканските кружни тури.
Охрид и оваа година е атрактивна и посакувана дестинација .
Со низа настани и понуди Охрид ја збогатува понудата за празниците.
Хотелиерите и угостителите се надеваат дека деновиве се само најава за долго и бериќетно лето,бидејќи првомајските празници се репер за успешноста на престојната туристичка сезона.
Дојдовме од Хрватска од Карловац од Загреб за прв пат сум во Македонија и ова ни е прв ден тука , многу ни се допаѓа им препорачуваме на сите да дојдат.
Езерото е прекрасно водата е чиста а луѓето пријатни како никаде, сум го прошетала цел свет ама македонци секоја чест.
Архитектурата, црквите , погледот , тврдината за прв пат сум тука.
Охрид е многу убав .
Во Охрид прекрасно е времето ,природата, луѓето се е убаво тука .
Времето е убаво ,природата а и храната исто така.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар