Македонија
10. November 2024 - 19:56
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари. Дотраени електрични инсталации,грејни тела, несоодветни продолжетоци на приклучени уреди, неисчистени оџаци се најчестите причини за пожари. Во текот на зимскиот период пожарникарите интервенирале на околу 70 тина вакви случаи. Според статистиките во 90 проценти од пожарите причина е човечкиот фактор.
Постојани се апелите од надлежните за редовно одржување на оџачките канали, но бројките говорат дека години наназад имаме скоро исто случаи на пожари.
Од ТТПЕ од Охрид посочуваат дека со поголемо вниамние и одговорност може да се придонесе за поголема безбедност пред се кога се прашање пожарите без разлика дали е од запален оџак,пожар на отворено или слично.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->