Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ
Владата да се откаже од новогодишната кошница, бараат од СДСМ. Наместо мерки кои не дадоа никаков ефект и не ги намалија цените на производите, односно ги намалија само 0,1 отсто, бараат власта до го прифати нивниот предлог- храна без ДДВ. Според нив, ваквото решение ќе го подобри животниот стандард на граѓаните и месечно ќе им заштеди до 2,000 денари.
-Но, наместо да се откаже од нови погрешни мерки, го слушаме премиерот Мицкосски како најавува нова нова кошничка. Овој пат ноговоридшна, којашто ќе ги намали цените пак за 0.1%. Ова е крајно навредувачки и потценувачки за граѓаните. Власта покажува голема неспособност и води политика на инает врз грбот на народот. , изјави Јованка Тренчевска од СДСМ.
СДСМ да не ја потценува интелегенцијата на народот возвратија од ВМРО ДПМНЕ. Дека владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и цените на прехранбените производи се намалуваат, потврдуваат и од Сојузот на синдикати на Македонија. Синдикалната кошница, благодарение на есенските маржи е пониска за 1,000 денари. На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство., велат од ВМРО ДПМНЕ.
Додаваат и дека во новогодишната кошница се вклучени прецизно дефинирани производи и цени , врз основа на успешноста на есенската потрошувачка кошничка.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар