Македонија
1. May 2024 - 16:33

Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност

Најдоцна во следните две недели Љупчо Палевски ќе биде донесен во земјава, оценуваат експертите по безбедност. Велат, по одобрувањето на екстрадицијата, сега полициите од двете држави работат на планот за транспорт.. Денот, времето или транспортното средство со кое ќе се носи Палевски, смеетаат дека треба да се чува во најголема тајност.

Заради сериозноста на кривичното дело, се смета дека најдобро е Палевски да биде донесен со посебен лет организиран и обезбеден од македонските власти.Турската полиција, да учествува само за транспорт до тамошниот аеродром..

Ѓурчевски вели дека првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, може да биде донесен и по копнен пат, за што во процесот на екстрадиција би била вклучена и Грција.. Не се исклучува можноста да се пролонгира рокот за транспорт, бидејќи според експертите постоеле сомневања дека турските власти како замена за Палевски, би барале лица кои учествувале во обидот за насилна смена на власта во Турција, а кои моментално се во Макеоднија..

Дека во тек се подготовки за транспортот на Палевски потврди и техничкиот министер за внатрешни работи, кој рече дека за кратко време осомниченото лице ќе биде на македонско тло.

Во меѓувреме обвинителството најави дека Палевски веднаш ќе биде пренесен во Шутка бидејќи за него е веќе одреден притвор.