Уапсен напаѓачот од концертот во Њујорк
Њујоршката полиција го уапси раперот од Бруклин Роланд Колинс алијас Трој Ајв, откако по преглед на видеоснимките тој бил препознаен како лицето коешто пукало од огнено оружје на концертот одржан вчера во салата „Ирвинг Плаза", пренесува БТА.
При пукањето во среда вечерта на концертот на раперот Ти Ај беа погодени четворица, од коишто еден смртоносно. Во пукотницата смртно настрада пријателот и телохранитен на Колинс, Роналд МекФатер (33), кој бил пронајден во близина на барот во ВИП длеот.
Трој Ајв ќе биде обвинет за убиство и поседување оружје, рекоа од полицијата.
Колинс, кој го отворил концертот, а подоцна требал повторно да настапува, се здобил со огнена рана во ногата, но засега не е познато како е повреден.
Полицијата соопшти дека до пукотницата дошло откако во ВИП делот прво почната тепачка, која потоа ескалирала до употреба на огнено оружје.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите