Страшна сообраќајка: Излетал од патот, удрил во бетонски столб па се превртел
Две сообраќајни несреќи со трактор, во кои со тешки телесни повреди се здобиле тракторист и сопатник, се случиле вчера на регионалниот пат од село Војславци кон Радовиш и на локалниот пат Свети Николе - село Ѓуриште, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Во сообраќајката на патот кон Радовиш која се случила вчера околу 11:40 часот кога пред објектот „Илинден 92“, Ј.И.(59) од село Војславци управувајќи трактор „ИМТ-533“, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот, удрил во ограда од бетонски столбови и челична мрежа, по што се превртел во нива. Со возило на итната медицинска помоп Ј.И. бил пренесен во Медицинскиот центар-Штип, каде му е укажана лекарска помош и му се констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.
На локалниот пат Свети Николе – село Ѓуриште на месноста викана Бареш, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „Фиат 640“ управуван од Ѕ.Р.(47) од село Горобинци и автомобил „Фиат Пунто“ управувано од В.Н.(57) од Свети Николе, пришто тракторот се превртел на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на тракторот И. Т. (50) од село Горобинци, кој со возило на итната медицинска помош бил пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар-Штип.
Увид на сообраќајките извршиле екипи од полициските станици Радовиш и Свети Николе.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Бендевска, потпретседателка на ЗНАМ
-
Гаши поднесе оставка во Алтернатива, утре ќе биде избран за собраниски спикер
-
Заседава раководството на СДСМ - Ковачевски нема да се кандидира, неколкумина подготвени да влезат во трка
-
ДИК го отфрли приговорот на ДУИ
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети