Бизнис
12. October 2015 - 19:52

Словенија учи од Македонија: Ослободување на придонеси за газдите кои ќе вработат лица постари од 50 години

Газдите кои ќе вработат  повозрасни лица над 50 години ќе бидат ослободени од придонеси. Како Македонија, и Словенија  најде начин да ги мотивира работодавачи да вработуваат повозрасни лица. Се бара решение и за проблемот со вработување на младите. Голем дел од нив или се без работа или  работат без договор, еден ден се вработени,  другиот веќе можат да добијат отказ. Проблем во земјата е и високит процент на сивата економија.

- Над 100 илијади се невработени. На тоа поле има подобрување но треба уште многу да се работи. 25 отсто од младите во Словенија работата во сива економија и тоа е висок рпоцент.  Проблем се и повозрасните лица кои имаат над 50 години и ја губат работата. Поради овие причини во Сливенија се изготвува закон за вработување на постари лица. Мора да се најде начин од функционирањето на стопанствотот да не се генерира само капитал туку корист да имаат работниците, реќе Душан Семолиќ – од синдикатот на Словенија.

Поранешните југословенски републики  заендички ќе работата на остранување на ваквите проблемите. Заеднички ќе  се залагаат за  поголеми работнички права , за подобрување на дијалогот со бизнсиот и животниот стандард на граѓаните.

На состанокот на регионалните синдикати, учествуваа престваници од  Црна Гора, Словенија, БИХ, Србија. Освен за работничките права  дискутираа  и за кризата со мигрантите.