ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
ЕВН ќе купува поскапа струја за 2 евра по мегават од државната ЕСМ. Ја прифатиле нивната понуда од 60 евра за мегаватчас, како најповолна. Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната, која изнесуваше 60 евра за мегаватчас, информираат од универзалниот снабдувач.
Количината е за 100% покривање на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Токму од оваа цена најмногу зависи колкави сметки за струја ќе плаќаат граѓаните по Нова година. Изминатиов период премиерот Мицкоски неколку пати повторни дека големо поскапување на струјата нема да има. Цената, според неговите очекувања, би се зголемила најмногу до 3 отсто.
- За покривање на загубите на електрична енергија, на одржаните тендери и Електродистрибуција доби повисока цена од ЕСМ. Од сегашните 105 евра за мегаватчас, сега просечна цена изнесува нешто над 106,04 евра за мегаватчас, додаваат од ЕВН.
Овој параметар влегува во одлуката за цената за пренос и дистрибуција на електричната енергија, која заедно со барањата ма МЕПСО и МЕМО, Регулаторната Комисјата ќе ја донесе во понеделник.
ЕВН пак, согласно законските обврски и утврдената методологија, со сите влезни параметри ќе ја пресмета новата цена на струјата, која ќе биде соопштена средината на декември. Истата ќе ја плаќаат домаќинствата и малите фирми од 1 јануари.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар