Бизнис
18. April 2025 - 16:51

Поголемите маркети ги објавија цените на производите, останатите се соочуваат со казни

Најголем дел од маркетите ги објавија ценовниците на своите производи. Граѓаните пред да пазарат ќе можат да ги споредат и да купат од каде им е најевтино. Согласно Правилникот, сите трговци со над 10 вработени и промет поголем од 50 илјади евра годишно, мора секојдневно да ги објавуваат цените на веб страниците.

Ажурирањето мора да се врши секој ден до 10 часот. Граѓаните задоволни – сметаат дека со споредувањето ќе можат значително да си заштедат..Но, бараат да се најде начин и за повозрасната популација, која не користи интернет.

- Мислам дека ваквата мерка е добра, затоа што ќе си ги споредуваме цените од маркет во маркет и ќе си купуваме од таму каде што се најниски цените. Сепак, сметам дека за постарата популација, која не е толку вешта со дигиталната техночогија, ќе мора да се најде некое решение, изјави граѓанин.

- Секако дека ќе ги споредувам цените. Различни се од маркет во маркет и до сега одевме за да купиме каде што беа најнсики, а сега ќе ги гледаме од телефон, изјави друг граѓанин.

Од Стопанската комора на трговци на големо и мало побараа дополнителен рок за изработка на веб страници. Министерот за економија вели дека имале доволно време да го сторат тоа. Наредната недела ќе ги повика на средба, но законот веќе е на сила.

- Јас го кажав мојот став. Законот е изгасан на 4 март во Собранието за трговците да бидат потранспарентни и граѓаните да знаат каде да ги трошат нивните пари. Ние ќе дадеме наши образложенија. Знам дека големите маркети веќе имаат веб страна, имаат капацитет и можат да го спроведат овој закон, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија.

Контролите дали се почитува законот ќе ги прави Пазарниот инспекторат. Нивни дежурни екипи веќе се на терен и ги следат маркетите, дали цената на веб страната е иста како онаа во самиот трговски објект. План за мониторинг на мерката веќе е направен, а детален извештај дали се почитува и колку, ќе соопштат во вторник, велат од Пазарна.

0 Сепак, најдобар инспектор се граѓаните. Кога ќе ги видат цените на веб страна и ако не се исто со тое во маркетот, можат да пријават во Пазарна, која веднаш ќе постапува, додава Дурмиши

 Казните за прекршителите се движат до 10 илјди евра, но и забрана за работа од 15 дена. Инаку станува збор за израелски модел , кој веќе се применува и во Италија и Хрватска.