Loading Video...
Свет
27. February 2017 - 16:44

Скандал на Оскарите - Погрешен филм прогласен за победник

89та церемонија за доделување на  престижните награди  Оскар течеше во најдобар ред се до моментот кога   погрешен филм беше прогласен  за најдобар за 2016 година.  Наместо  Месечева светлина , Ла Ла Ленд беше прогласен за победник. Екипата на мјузиклот  славеше на сцената , кога  еден од продуцентите на манифестацијата рече дека се работи за грешка.

Ворен Бити, кој заедно со Феј Данавеј ја имаше честа да ја додели оваа награда, објасни дека пропустот се случил бидејќи му бил даден погрешен коверт. Месечева светлина освои признанија и за споредна машка улога и адаптирано сценарио.  Се работи за драма  која го следи животот на хомосексуалец афроамериканец.. ЛА ЛА ЛЕНД  пак освои 6 златни статуетки- ­ за режија, најдобра женска улога, фотографија, музика, песна и сценографија. За најдобар актер е прогласен Кејси Афлек за филмот „Манчестер покрај морето“.