Сириски азилант обвинет во Австрија за убиство на 20 лица во Сирија
Еден 27-годишен сириски азилант во Австрија е обвинет од австриските власти за извршени 20 убиства во Сирија, пред да побегне во Европа со напливот бегалци од воените зони на Блискиот Исток.
Тој е уапсен во јуни, во западна Австрија и се соочува со судење за „серија убиства кои се во контекст на тероризам“.
Според австриското државно обвинителство, Сириецот, чиј идентитет не се открива, е обвинет за убиство на невооружени и ранети војници, во текот на судирањето во сириската провинција Хомс.
Неговиот адвокат изјави за австриските медиуми дека обвинетиот, во тоа време, бил изложен на „тежок стрес“.
Домашните медиуми меѓутоа откриваат дека тој самиот им се пофалил на другите бегалци, смесетни во еден прифатен центар, оти ги убивал владините војници, кога ги наоѓал ранети и без оружје, како припадник на исламистичката милитантна група позната како „Бригада Фарук“.
Австриските правосудни власти не може да го екстрадираат уапсениот и обвинет азилант, затоа што во Сирија се уште трае граѓанската војна.
Убивањето невооружени и ранети војници е забрането според одредбите на Женевската конвенција.
Ова е прв ваков случај во Австрија во поново време.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?