Синдикат на УПОЗ: Парцијално зголемување на платите создава револт
Синдикатот на УПОЗ соопшти дека парцијалното зголемување на платите, предвидено за вработените во образованието, одбраната и здравството, создава револт и незадоволство кај другите дејности во јавниот сектор - јавната администрација, судската и јавнообвинителската служба.
Од министерот за финансии УПОЗ бара итно да се сретне со синдикатите од јавниот сектор за, како што наведува, да се најде општоприфатливо решение за сите вработени во јавниот сектор.
- Без оглед на оправданоста и образложението за зголемување на платите на вработените во овие дејности, за Синдикатот на УПОЗ неприфатливо е ваквото парцијално зголемување, реагира УПОЗ на планираното зголемување на платите во трите сектори кои вчера ги најави Министерството за финансии на презентацијата на Предлог-буџетот за 2018 година.
Од овој синдикат посочуваат дека платите на судската и обвинителската служба не само што не се зголемени во последните години, туку им е скратено и законското право на исплата на надоместоци на плата.
- Од овие причини во 2016 година имаше штрајк од 60 дена. Слична е состојбата и со вработените во казнено-поправните установи, шумската, затворската и судската полиција, наведува УПОЗ, додавајќи дека платите на административните службеници се регулирани со Закон, а не со колективен договор, со што Синдикатот е оневозможен да преговара со Владата за какво било зголемување.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоoсомничениот Палевски во притвор
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач
-
Мицотакис: Било кое отстапување од Договорот од Преспа ќе има последици и во билатералните односи и на патот на Скопје кон ЕУ