Балкан
16. May 2024 - 7:56

Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата

Српската полиција уапсило лице за кое тврди дека упатувало закани кон претседателот на таа држава.  Министерот за внатрешни работи на србија, Ивица Дачиќ изјави дека е уапсен Д. М. од Сомбор поради закани за загрозување на безбедноста на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. „Поради закана за загрозување на безбедноста на претседателот на Републиката, уапсен е  Д. М. од Сомбор, кому му е одредена мерка притвор во полиција од 48 часа“, се вели во соопштението на МВР на Србија.

Вучиќ на социјалната мрежа Х изјави дека е шокиран од атентатот врз словачкиот премиер и дека се моли за здравје на големиот пријател на Србија, Роберт Фицо.