Рутинска победа на Парис Сен Жермен над Еурофарм Пелистер 31:25
Европскиот ракометен спектакл во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Парис Сен Жермен заврши со очекувана победа на францускиот шампион и со спортски аплауз за сите ракометари.
Ракометните ѕвезди на Парис Сен Жермен предводени од Никола Карабатиќ победија со 31:25 односно со 6 голови предност каква што имаа на полувремето кое заврши со 15:9 за гостите.
Победата на Парис Сен Жњермен не беше доведена во прашање во ниту еден момент од натпреварот во кој најефикасен кај гостите беше Сипрзак со 7 постигнати голови, додека кај домаќините најдобар впечаток остави младиот Емилијан Ѓорговски.
РК Еурофарм Пелистер пред почетокот на средбата на француските репрезентативци кои неодамна станаа европски прваци во ракомет им додели пригодни подароци од градот Битола.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници