Македонија
11. May 2024 - 16:35

ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија

ДИК ги усвои конечните резултати, Гордана Силјановска Давкова е првата жена претседател на Македонија.

На својот 71-роденден, професорката си доби Уверението за претседател. И беше врачено од страна на Даштевски, кој и посака успешен маднат како шеф на државата

Тонско атмосфера од врачувањето + изјава ако добиеме

Утре точно на пладне, професорката свечено ќе ја добие титулата претседателка на Македонија, а тоа воедно е и последниот ден од мандатот на Пендаровски.  

На 151та седница во законодавниот дом, со единствена точка на дневен ред за инаугурација , Силјановска Давкова пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава со што практично започнува да тече нејзиниот мандат. Се очекува присуство на претставници на дипломатскиот кор во земјава.

По нејзината инаугурација, согласно новиот собраниски Деловник, новоизбраниот парламентарен состав треба да ја одржи конститутивната седница најдоцна до 28 мај.

Силљановска Давкова е шестиот претседател на Македонија од независноста и воедно прва жена претседател.