-->
-->
Работник затрупан во ров, кривична за газдата на градежната компанија
-->
Полицијата од Берово поднесе кривична пријава против правниот субјект Друштво за производство, инжинеринг, услуги и трговија „Конструктор Рената и др.“ ДОО-Скопје со со седиште Скопје и против одговорното лице во правното лице Р.И.(58) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “непреземање мерки за заштита при работа“.
На 20. ноември минатата година околу 13,50 часот во с.Смојмирово-беровско на ул.„Димитар Влахов“ каде од страна на вработените во наведениот правен субјект се изведувале градежни работи поставување канализациона инсталација во с.Смојмирово, во необезбеден земјен ров-канал длабок 3-4 метри во кој работеле три лица се одронила поголема количина на земја и целосно го затрупал работникот Ј.С. (39) од Крива Паланка кој и покрај укажаната
реанимација од страна на брзата помош - починал.
Од преземени мерки било утврдено дека пријавените при изведувањето на градежните работи не се придржувале кон прописите и мерките за заштита при работа со непоставување на заштитни уреди, поради што како последица била предизвикана смрт на Ј.С.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?