Премиера на претставата „Бракот е брак“ на режисерката Теа Беговска во Театар Комедија
Создавањето на една театарска претстава обработено преку комични ситуации што би се случиле кога режисерите и актерите би се виделе од дистанца, го разработува претставата „Бракот е брак“, на режисерката Теа Беговска.
Претставата е работена според „Просидба“ од Антон Павлович Чехов и ќе биде премиерно изведена утре во Театар Комедија во Скопје.
Директорката на театарот „Комедија“ Мирјана Поповска-Ристов, на денешната прес-конференција, изрази задоволство што ова е трета нова премиера од отворањето на новата сезона и се заблагодари на младиот и талентиран тим што безрезервно работеле и го збогатиле репертоарот со уште една добра и квалитетна претстава.
Театарската екипа ја сочинуваат Роберт Ристов, Столе Мицов, Ева Скендеровска, Ердоан Максут и Миа Кантарџиева. Музиката на претставата е на Енес Беговски, кој исто така, игра во претставата како музичарот. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, а костимографијата на Марта Дојчиновска.
Режисерката Теа Беговска рече дека претставата обработува цел еден процес на правење претстава и е обид за осовременување на „Просидба“ од Чехов.
- Обработува проблематики на режисерот, на актерите, на театарот како институција, видени низ ликот на директорот. Проблематики во однос на нашата работа, на она што се нарекува создавање на театарска претстава и дело на еден режисер, изјави Беговска.
Уметничкиот директор на театарот Сашо Ристовски, најави дека Театар Комедија продолжува со новата практика на новата управа за помагање и донирање на деца на кои им е потребна помош.
- Одлучивме, претставата „Мечка“ која на 29 ноември е на репертоарот на Театар Комедија, целиот приход од влезниците да го донираме за помош на малата Валерија, изјави Ристовски, и ги повика сите културни институции да ја применат оваа практика.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај