Почина познатиот актер, зад себе ги остави сопругата и синовите
Американскиот актер Мигел Ферер (61) полина во четвртокот по борбата со ракот на грло.
Кариерата ја започна во раните осумдесети години со мали улоги, а улогата на Боб Мортон во филмот „Робокап“ му донесе поголема слава.
Освен во филмовите, глумеше и во бројните телевизиски серии, меѓу другото го толкуваше и ликот на легендарниот агент Алберт Росенфилд во серијата „Твин Пикс“.
Најпознат остана по улогата на шефот Овен Гренџер во серијата NCIS Los Angeles.
Мигел Ферер беше син на оскаровецот Хосе Ферер и пејачката Розмери Клуни. Пред да почне да се бави со глума свирел тапани и одел на турнеја со својата мајка.
"Мигел светот го направи посветол и поубав. Неговата смрт тешко го погоди семејството“, рече Џорџ Клуни кој е негов братучед.
Мигел зад себе ги остави сопругата Лори и синовите Лукас и Рафи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје