Бизнис
25. May 2024 - 16:35

ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец

Нема услови за пад на каматите на Федералните резерви на САД. Годинава ќе има нула намалување,  предвидува извршниот  дирекор на Голдман  Сакс, Дејвид Соломон. Инфалцијата е се уште висока, цените на храната и енергенсите продолжуваат да растат,  а потрошувачите почнуваат да штедат.

„Ако разговарате со извршни директори што водат бизниси што навистина се занимаваат со она што јас ќе го наречам средината на американската економија, тие бизниси почнаа да забележуваат промени во однесувањето на потрошувачите“. „Инфлацијата не е само номинална. Таа е кумулативна и затоа сè е поскапо. Почнувате да гледате дека потрошувачот, просечниот Американец, го чувствува тоа“.

Во април тимот на Голдман предвидуваше 2 намалувања годинава – едно во јули и едно во ноември. Но условите се сменија, затоа што справувањето со инфлацијата оди бавно. За разлика од ФЕД, Европската Централна банка најави дека каматните стапки ќе се намалат од следниот месец. Таквиот пад ќе ќе почуствуваат и македонските граѓани, кои имаат станбени кредити врзани со ЕУРИБОР, но и компаниите. Сепак, намалувањето нема да биде драстично . За тоа ќе треба да се за почека, велат банкарите.

Тонско Што се однесува за новите кредити, тука нема некое позначјано влијание. Знаете за корисникот на кредитот, намалување од 01% нема да има никаков ефект. Така да, позначителен ефект се очекува во  следниот период, кој нема да биде предолг, значи не до 5 или неколку години, туку наредните години, изјави Санел Костурица, претседател на УО на Шпаркасе банка

Во моментов 6 месечинопт ЕУРИБОР изнесува 3.78%.  Пред само две години беше нула отсто, но поради геополитичките случувања и високата инфлација, почна трендот на пораст. Тоа ги поскапи  и станбените кредити кај нас , затоа што покрај фиксна  камата одреден период, граѓаните плаќаат и варијабилна -  зголемена со 6 месечен ЕУРИБОР.