Бизнис
11. December 2025 - 16:41

Јавните претпријатија тонат во долгови и трупаат загуби

Јавните претпријатија со милионски долгови, огромни загуби и блокирани сметки. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, повеќе од половината општински јавни претпријатија 2024 та ја завршиле со загуба.

Анализата на завршните сметки покажува дека за една година двојно им се згоелмиле загубите. Од вкупно 128 претпијатија 71 работеле со загуба. Прв на листата скопски Водовод и канализација, кој прикнижил негатива од скоро 4,2 милиони евра. Веднаш зад него се Улици и патишта, со загуба од 2,6 милиони евра, па следува Комунална хигиена – со 1,2 милиони евра.

Вкупните загуби на јавните претијатија  изнесуваат 17,4 милиони евра. Покрај загуби – трупаат и долгови. Од 128 , 126 претпријатија  имаа краткорочни обврски од речиси 200 милиони евра. Најголем должник е Скопски Вододвод со 53,3 милиони евра долг. Веднаш зад него е  ЈСП -  кој должи 17 милиони евра , по што следдат комуналните претпијатија од Куманово и Гостуивар, со околу 10 милиони евра долг.

Проблемот е системски велат од Центарот. Најчесто е резултат на несоодветни кадри на раководни позиции, кој не знаат како да упртавуваат со претпијатието.

Истражувањето покажува и дека една третина , однсно 41 јавно претпијатие имаат  блокирани сметки,. Ова значи дека е доведена во прашање навременото сервисирање на обврските, како и исплаќањето на платите.