Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
Раст на економијата од 3,8% во третиот квартал, објави статистиката. Пораст е регистриран во сите сектори, а најголем, над 30 отсто е забележан кај инвестициите. Министерката за финансии, задоволна од бројките – со ваков раст на БДП Македонија е трета во Европа, а најдобра во регионот.
- Главен двигател беа бруто инвестициите, кои се зголемени за скоро 30,6 отсо и ова тримесечие е едно од најдобрите. Се должи на домашните фирми, кои ја користеа поволната линија од евтиниот унгарски кредит, реализацијата на инфрастуктурни проекти и поддршката на проекти кои ги реализира општините, изјави Гордана Димистрисока Кочоска
Забрзана динамика во реализација на инфраструктурните проекти се очекува и во последниот квартал од годината. Според Кочоска, за тоа ќе придонесе и задржувањето на стапката од 5 наместо 18 отсто на ДДВ то при купувањето нов стан. Инаку статистката регистрира намалување кај финалната потрошувачка во 3 во споредба со 2 квартал, како и кај извозот на стоки и услуги. Во истиот период, пораснал увозот на стоки.
Според сезонските и прилагодени податоци, пак, како што пресметува Евростат, економијата во 3 квартал реално пораснала за 3,6 отсто.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
