Македонија
25. May 2024 - 16:39

Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно

Преговорите за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ  се во напредна фаза, детали нема да се откриваат се додека не бидат постигнат и конечниот договор. Ова е ставот на партијата на Мицкоски откако тој вчера објави дека брзо од сега граѓаните треба да очекуваат Влада. Разговорите на ниво на работни групи, според најавите продолжуваат од понеделник.

 „ВМРО-ДПМНЕ внимава и на персоналните решенија кои што се нудат во коалициските преговори. При што истите не треба да бидат ниту компромитирани на било кој начин и да се посветени кон работата и реформите кои што ќе следат...Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но се уште нема конечен договор и се до официјално моментот кога ќе може да се соопшти нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои што се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби“,

Од ВМРО-ДПМНЕ и со став дека распределбата на коалицискиот колач зависи и од бројката на пратенички мандати што партијата ја доби на изборите.

По деталните брифинзи, денеска од коалицијата Вреди со повнимателни формулации дека паднал договор само за првиот ешалон од Владата, односно распределбата на министри. Директорските позиции допрва ќе се разговараат.

Според досегашните информации, се уште конечно не е договорено спикерскотот место во парламентот да припадне на албанскиот партнер. На него најверојатно ќе седне Гаши. Неговата Алтернатива треба да добие и министер за евроинтеграции. Крилото на Таравари се подготвува за вицепремиер за добро управување и министер за здравство. Меџити и Касами пак, веројатно ќе треба да направат распределба на вицепремиерско место и министри за економија, животна средина, социјална политика и односи меѓу заедниците.

Но, дали ова ќе остане вака ќе зависи и од тоа дали ќе се обезбеди 2/3 мнозинство за законски измени за трансформација на министерствата и нови министерства.

Иако првично беше најавено дека за влез во Влада се планираат и 6 пратеници на ЗНАМ засега од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивото учество во владината коалиција станува неизвесно. Неофицијалните информации се дека од партијата на Максим Димитриевски побарале несразмерно многу министерски позиции во однос на пратеничките места. Од ЗНАМ пак, велат дека официјални разговори со Мицкоски нема и дека информации се размениле само со посредници.