Почина Македонецот на истото место каде пред два месеци му изгореа сопругата и синот
Во урнатините од опожарената куќа, вчера почина битолчанецот Томе А. (60), неполни два месеца откако во пожар во куќата на улицата „Девејани" во Битола живи изгореа неговата сопруга Фатма А. и 17-годишниот син Дарко А, пренесува Денешен, објави порталот СДК.мк.
Таткото, кој беше болен од рак, по пожарот кој избувна на 29 јануари годинава, беше префрлен во битолската болница, а потоа сместен во прифатилиште за бездомници.
Откако здравјето му се влошило побарал последните денови да ги мине во својот дом и за тоа потпишал и документ. Се вратил во опожарената куќа, каде што немал услови за пристоен живот. Според раскажувањето на соседите, живеел во тоалетот кој што пожарот најмалку го оштетил.
Вчера попладне соседите пријавиле во Итната медицинска помош и во Центарот за социјални работи дека го затекнале мртов.
Извор: Денешен
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа