Отворена изложбата „Антроморфен и зооморфен имагинариум“ од Ангел Димовски-Чауш
Под наслов „Антроморфен и зооморфен имагинариум“ синоќа во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена тематската изложба на дела на уметникот Ангел Димовски – Чауш. Пред прилепската публика беа претставени скулптури, цртежи и објекти под заеднички наслов „Антроморфен и зооморфен имагинариум“.
Димовски, кој е роден во Велес, рече дека прв пат се претставува пред прилепската публика.
- Бидејќи прв пат изложувам во Прилеп, претставив нови и дел поранешни мои дела за публиката да има увид во моето творештво. А моето творештво е разновидно, од цртежи, скулптури до употреба на разни материјали во создавањето на делата. Кај уметникот, така и кај мене, инспирациите се неисцрпни. За мене, најголема инспирација била жената. Порано, пред да се запишам на Ликовната академија, студирав историја на уметност и одев на многу локалитети низ Македонија, прегледувајќи ги ископините и сето тоа остави трага врз моето творештво, изјави Димовски.
Ангел Димовски-Чауш зад себе има бројни самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Остварил повеќе студиски патувања во Италија, Франција, Шпанија, Германија, Грција, Египет, Турција и САД. Извесен број негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Америка, Африка, Франција, Холандија. Член е на ДЛУМ од 1984 година и член е на француското друштво на ликовни уметници „LA MAISON DES ARTISTES“ од 2002 година. Живее и работи како слободен уметник во Македонија и Франција. Застапен е во каталогот на Италијанската издавачка куќа МДС, за 2010/2011 година.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите