На фестивалот во Битола „Гран при“ за германската монодрама „Одисеј“
Монодрамата „Одисеј“ што ја изведе германскиот актер Вили Шлутер е добитник на наградата „Гран при“ - највисокото признание на Интернационалниот фестивал на монодрама што синоќа заврши во Битола.
Меѓународното стручно жири предводено од турскиот драматург и режисер Емре Ердем одлучи да го награди Шлутер, актер во театарот во Хановер, Германија кој го изведе текстот на Лим Норевиг – „Одисеј“.
Според востановената традиција, и на 19. издание на на фестивалот на монодрамата беше доделена награда од публиката, а таа годинава и припадна на актерката Виолета Комар од театарот Рондо во Слупск-Полска. Публиката во Битола ја награди Комар за монодрамата „Дива“ на Магдалена Гауер во режија на Станислав Мјеџиевски.
Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ го организираше НУ Центар за култура-Битола, а покровител и годинава беше Министерството за култура.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори