Бизнис
1. March 2018 - 19:42

Мицкоски на средба со бизнисмените - не верува дека планот за економски раст ќе донесе просперитет

Сите економски параметри се лоши. Индустријата тоне, инветсиции нема, економијата во целост стагнира. Планот на Владата за економски раст, според лидерот на опозицијата, нема многу да ја смени ситуацијата.

Мицковски денеска на средба со бизнисмените од најголемата комора во земјава. Стопанствениците од него побараа опозицијата во собрание да ги поддржи сите закони кои се значајни за нив.

Лидерот на опозицијата најави дека во идниот период ќе има чести средби со бизнисмените. Нивните барања и потреби ќе бидат вметнати во програмата со која партијата ќе излезе на следните. Целта е создавање поволен бизнис амбиент кој ќе продуцира подобар животен стандард за граѓаните.