-->
-->
Македонските репрезентативци на дерби на Евролигата
-->
Членовите на две млади македонски кошаркарски репрезентации (до 15 и до 16 години), изминативе пет дена се во Истанбул, каде одиграат неколку контролни средби со нивните врсници од повеќе реномирани турски екипи.
Покрај контролните средби, младите македонски кошаркари вечерва имаа можност да присуствуваат и да го следат големото турско дерби меѓу Анадолу Ефес и Фенербахче во рамките од Евролигата.
Сигурно дека ова е привилегија, но пред се мотив повеќе и обврска за овие момчиња, напорно да продолжат со работат (тренираат), за еден ден и тие да бидат дел од тимовите кои играат во елитното натпреварување.
Потсетување дека пред контролните средби во Истанбул, црвено-жолтите минаа и неколку дена во Белград, каде одиграа контролни средби со најдобрите српски екипи.
Инаку, мини турнеите на овие две селекции, се реализира благодарение на развојната програма која Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ја прави изминатите години, а веруваме и дека ќе ја продолжи и во иднина, а е дел од проектот на ФИБА Европа насловен како „Заедно до 16 години“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите