Ракомет
30. November 2015 - 16:15

ЛШ: Комплетирано 9.коло

 Во ракометната Лига на шампионите овој викенд беше комплетирано 9.коло. Во групите А и Б (поквалитени) остануваат да се одиграат уште пет кола, а по триумфот дома над досегашниот лидер во групата А (ПСЖ) унгарски Веспрем изби на чело на табелата.
 
Во групата-Б Барселона на нашиот Кирил Лазаров забележа нова победа и остана на чело на табелата. Лазаров вчера против Колдинг  постигна 7 голови. Вардар по третиот пораз во низа падна на петтото место со 10 бодови.
 
Во двете групи (со послаб квалитет) Ц и Д останува да се одигра уште едно коло. На Мешков Брест потребен му е бод за сигурно да биде прв во групата Ц, додека во последното коло Ла Риоха и Порто влегуваат со ист број бодови (12). 
Во Д групата натпреварите ќе ги продолжат Мотор и Скјерн, со тоа што во последното коло Мотор, кој има бод повеќе гостува кај Скјерн во директниот дуел за првото место во групата. Металург во оваа група е последен и потребна му е победа на гости кај Елверум за да го избегне „фенерот“.
 
Двојки и резултати од 9.коло:
 
А група: Флензбург – Висла 27:25, ППД Загреб – Бешикташ 32:26, Цеље – Кил 23:23, Веспрем – ПСЖ 28:20.
Табела: Веспрем 15 бодови, Флензбург 14, ПСЖ 14, Кил 9, ППД Загреб 8, Висла 7, Цеље 3, Бешикташ 2.
 
Б група: Рајн Некар Ловен – Кристијанштад 29:20, Киелце – Вардар 23:20, Колдинг – Барселона 28:36, Монпеље – ПИК Сегед 29:29.
Табела: Барселона 15, Рајн Некар Ловен 13, Киелце 12, ПИК Сегед 11, Вардар 10, Монпеље 5, Кристијанштад 4, Колдинг 2.
 
Ц група: Војводина – Татран Прешов 24:25, Чеховски Медведи – Порто 30:29, Ла Риоха – Мешков Брест 28:32.
Табела: Мешков Брест 14, Ла Риоха 12, Порто 12, Чеховски Медведи 8, Војводина 4, Татран Прешов 4.
 
Д група: Мотор – Кадетен Шафхаузен 31:23, Баја Маре – Елверум 24:29, Металург – Скјерн 24:25.
Табела: Мотор 14, Скјерн 13, Кадетен Шафхаузен 9, Баја Маре 9, Елверум 5, Металург 4.