Љубовна драма во Скопје: Кривопаланчанец со боксирач нападнал црногорец
Денеска околу 00:30 часот во Скопје на бул. “Кузман Јосифоски-Питу“ И.Ц. (38) од Крива Паланка физички го нападнал Л.Р. (19) од Црна Гора, со привремено живеалиште во Скопје удирајќи го неколку пати најверојатно со боксирач во пределот на главата. Веднаш по нападот напаѓачот со возило го напуштил местото на настанот.
Околу 01.00 часот истиот бил запрен на автопатот Скопје-Куманово кај клучка “Илинден“ од патрола од МЕБПС по што бил приведен и задржан во Полициската станица-Кисела Вода. Повредениот Л.Р. со итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување. Причина за нападот најверојатно е расправија околу љубовна врска со девојка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови