Македонија
18. May 2024 - 16:36

ДУИ со предупредувања од Мала Речица

Политички дил за одземање на победата на ДУИ и коалицијата Европски фронт. Вака лидерот на ДуИ ја коментира одлуката на ДИК за прегласување на 7 избирачки места. Според Ахмети, победата на парламентарните избори тие  ја запечатиле на 8 мај, а сега преку изборен инженеринг, со планови како што вели кроени во црвени подруми има обиди да им се одземат два пратенички мандати. Потсетува дека таквото однесување е неприфатливо и казниво, а може да влијае и на меѓуетничките односи.

ДУИ денеска на вонреден состанок на претседателството ги анализираше постапките кои се воделе во ДИК и управниот суд. По тричасовната средба во Мала Речица, партискиот портпарол рече партијата останува на ставовите кои ги споделил Ахмети, без да прецизира за следните чекори. Тоа ќе се договарало на средба меѓу сите лидери кои го сочинуваат Европскиот фронт.

Ахмети најави дека во следниот период ќе ги објави сите договори меѓу полиитчките партии скроени за смена на изборниот резулатат на Европскиот фронт.