Македонија
18. May 2024 - 16:33

9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе.Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови  било донесено во Итната медицинска помош во бесознание но веднаш потоа било препратено во оделението за анестезиологија во општата болница во Охрид за докторите да пробаат негова реанимација но и покрај нивните обиди не успеале бебето да го вратат во живот.Настанот го потврди оортпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полицијата работи на расветлување на случајот ,извршен е увид а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.Докторите не откриваат кои се причините за смртта на новороденчето се чека да заврши обдукцијата .

Инаку пред само 4 дена почина седуммесечно бебе од Вевчани кое во специјалната болница Свети Еразмо беше примено со хематом на главата и мозочно  крварење а мајката тврдела дека бебето паднало од импровизиран кревет во семејниот дом  .За овој несреќен случај кој ја разбранува јавноста јавното обвинителство работи на откивање на причините за тоа како настанала повредата  и смртта на бебето.