Македонија
19. September 2015 - 16:24

КУРИР: На Заев не му пречи да ги навредува сопартијците - Призна дека бомбите се фарса и не докажуваат ништо

Лидерот на СДСМ призна дека бомбите се фарса и не докажуваат ништо, се работи за обични приватни разговори какви што води и тој, пишува порталот Курир.

Во Емисијата “Вин Вин“ на “24 вести“, Зоран Заев истакна дека и тој во телефонски разговори навредува други лица, а телефонските разговори, какви што инаку емитуваше, не докажуваат ништо и не се слика за тоа каков човек е оној кој разговара.

-Знам да ги навредам моите сопартијци, знам некој пат да донесам одлуки и ги сопштувам брзоплето по телефон, но тоа е приватноста, рече Заев.

Според “Курир“ со ова лидерот на СДСМ признава дека бомбите кои ги пушташе се исклучиво за дневно политичка употреба.

Порталот анализира дека Зоран Заев со емитувањето на приватните разговори ја држеше целата македонска јавност во заложништво, ги забави Економијата и Европските интеграции за сега да признае дека и тој води исти такви разговори.

-Секој пат сме во приватните разговори попуштени, послободни и зборуваме некои работи кои не ги мислиме и тоа е така, рече Заев.

Иако јавноста нема да дознае како разговараат меѓу себе функционерите на СДСМ, затоа што Заев не пушташе разговори од нив, новинарката Оливера Трајковска загатна дел од разговорите.

-Кога ги добив транскриптите од прислушуваните разговори дојдов до еден разговор со Радмила Шеќеринска, за кој потврдувам дека е точен, велам: “Зарем овој струмички сељк ќе го поставите за лидер на опозиција, изјави Трајковска во емисијата Вин Вин.

Ова покажува дека СДСМ се наоѓа во тешка позиција, и дури на своите членови не може да им покаже дека “бомбите“ имаат ефект и креираат лоша слика за нивните политички опоненти, пишува Курир.