Македонија
5. February 2025 - 12:21
Расте интересот за дуално образование
Расте интересот за угостителско туристичко образование. Дуалните паралелки, се основа за подготовка на стручниот кадар а со измени во законот за вработување според директорот на средното угостителско училиште Андреески каде се образува најдефицитарниот кадар 50 посто од хотелите и рестораните би добиле ученици кои би се вработиле кај нив.
Ученици од други градови учат во средното стручно училиште во Охрид но сеуште фали кадар бидејќи голем дел од нив заминуваат од државата.
Добрите познавачи сметаат дека само со цврска соработка и партнерски однос на сите чинители во дуалното образование ќе се обезбедат услови да се надмине проблемот со недостиг на квалификувана работна сила што е крајна цел на образовниот концепт.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->