Македонија
4. February 2025 - 16:44

153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Со наклон и свежо цвеќе денеска се оддаде почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев, на 153 годишнината од неговото раѓање. Државниот врв, функционери, здруженија, амбасади, граѓани дојдоа во црквата Св. Спас да се поклонат пред ликот и делото на водачот на македонското револуционерно движење. 

Панихидата во Св. Спас ја водеше Архиепископот Охридски Македонски г.г.Стефан. 

Ликот и делото на Гоце Делчев не смее никогаш да биде заборавено, порача премиерот Мицкоски. Во борбата на Делчев се вградени сите социјалдемократски вредности, испрати порака лидерот на опозициската СДСМ. 

Делегација од официјална Софија денеска не присуствуваше на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Причината, како што изјави шефот на бугарската дипломатија е дека не добиле покана од Македонија. Дали заедничкото чествување на овој ден ќе предизвика тензии како пред две години, Георг Георгиев вели дека историјата треба да обединува, а не да резделува. 

На повиците за одбележување на денот во Скопје на претседателот на бугарската фондација Македонија, Виктор Стојанов на кој му е забранет влез во Македонија се одзваа тројца бугари пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк. Имаше повеќе полициски службеници кои го обезбедуваа паркот.

153 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер се одбележа низ повеќе градови, училишта, организации во Македонија.